ноември 24, 2024

Почина работник од скопска „Комунална хигиена“, го потиснал контејнер и хидрауликата го повлекла и го пригмечила

Вработен во Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ вчера починал при извршување на работата, кога го потиснал контејнер, а потоа го повлекла хидрауликата и го пригмечила. Според извори меѓу колегите на починатиот А. С. (43),  присутните работници се уште се во шок. Биле немоќни да му помогнат на колегата кого го повлекла хидрауликата за повлекување и гмечење на сметот, пренесува СДК.мк

Директорката на „Комунална хигиена“ Косана Мазнева за САКАМДАКАЖАМ.МК ја потврди несреќата.

Read Previous

Благодатниот оган директно од Ерусалим пристигна во Скопје

Read Next

Во Делчево се поголем бројот на млади вљубеници во олдтајмерите