ноември 23, 2024

Директорот поднесе оставка, во тек е вонреден инспекциски надзор во болницата во Битола поради смртта на бебе

Во врска со случајот со починатото новороденче во Клиничка болница Битола, информираме дека денеска Државниот санитарен и здравствен инспекторат врши вонреден инспекциски надзор. Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на текот на лекувањето на починатото новороденче, велат од Министерството за здравство.

Истовремено е формирана и комисија за стручен надзор, составена од двајца специјалисти гинеколози, неонатолог, анестезиолог, како и претставник од Министерството за здравство.

Директорот на Клиничка болница Битола, д-р Александар Обедниковски, утрово до Министерството поднесе неотповиклива оставка од морални причини.

Read Previous

Бензема се сели во Саудиска Арабија, ќе отвори своја Академија

Read Next

Протест на вработените од Министерството за култура, очекуваат на владината седница да се разгледа нивното барање