ноември 23, 2024

Премиерот Ковачевски ја заврши официјалната посета на Република Србија

Министерката за рударство и енергетика на Република Србија Дубравка Ѓедовиќ денеска на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ја испрати делегацијата на Владата на Република Северна Македонија, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која беше во официјална посета на Република Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Ковачевски во петокот се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ, со премиерката Ана Брнабиќ и со претседателот на Собранието Владимир Орлиќ.

На средбите на премиерите и министрите на двете влади беа потпишани три меморандуми, меѓу кои и Меморандумот за разбирање меѓу Владата на Република Србија и Владата на Република Северна Македонија за соработка во областа на рударството и енергетиката, што го потпишаа министерот за економија Крешник Бектеши и министерката Дубравка Ѓедовиќ, меморандумот за разбирање меѓу двете влади за мерките за подобрување на движењето на лица и стоки преку заедничката државна граница потпишан од министерите за внатрешни работи, Оливер Спасовски и Братислав Гашиќ и меморандумот за соработка за интероперабилен електронски систем за наплата на патната такса, како дел од процесот Отворен Балкан, кој го потпиша министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски со српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ.

Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ на средбата со премиерот Димитар Ковачевски оцени дека односите на двете држави се најдобри во поновата историја, додека премеирот Ковачевски истакна дека нема повеќе отворени прашања меѓу Србија и Северна Македонија и дека партнерството меѓу двете земји се пример за регионот.

Read Previous

Над 1,2 милиони тони жито извезени од Украина во последните 2 недели

Read Next

Нема абер скопјани да добијат нови автобуси, ама набрзо ќе се возат во „старите“ приватнички автобуси