ноември 21, 2024

Вирусна инфекција ја покоси репрезентацијата на Холандија

Петмина играчи отпаднаа од сисокот на селекторот Роналд Куман. На стартот на квалификациите за пласман на ЕУРО 2024, Куман нема да смета на Свен Ботман, Коди Гакпо, Матијс де Лихт, Џои Верман и Барт Вирберген.

Тие веќе го напуштија националниот тим и се вратија во своите клубови. Наместо нив, Коман реши да повика само тројца играчи, а тоа се Рајан Гравенберг, Сел Шерпен и Стефан де Фреј.

На стартот од квалификациите за ЕП, Холанѓаните најпрвин во петок во „Сен Дени“, се среќаваат со светскиот вицешампион Франција, а потоа во понеделник на „Де Кејп“ во Ротердам го чекаат Гибралтар.

Read Previous

Ангеловска-Бежоска: Гледаме позитивни сигнали за намалување на инфлацијата, но мора да задржиме мудри монетарни политики

Read Next

Герасимовски: Со засилените инспекциски контроли јавната хигиена околу Зеленото пазарче подигната на повисоко ниво