ноември 21, 2024

Герасимовски: Со засилените инспекциски контроли јавната хигиена околу Зеленото пазарче подигната на повисоко ниво

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски во утринското гостување на МРТВ изјави дека по засилените инспекциски контроли јавната хигиена на потегот околу зеленото пазарче е подигната на повисоко ниво, но потребно е континуирана работа. Тој потенцираше дека засилените надзори резултирале со 30 отсто повеќе казнени прекршоци, но и видливи резултати.

Имаме многубројни поплаки од станарите, граѓаните за тоа што се случува на Зелениот пазар. Нашите хигиеничари се секојдневно на терен и се обидуваме да воспоставиме ред во делот на дивите препродавачи. Не е толку голем проблем продавањето на цвеќиња и зеленчуци од страна и надвор од пазарот поголем проблем е узурпација на зелените површини и продавање на сè и сешто дополнително и во парковите, изјави Герасимовски.

Градоначалникот најави и ново зеленило и реконструкција на плочникот кај Зеленото пазарче. Истакна дека општината изработува проект за разубавување со нови зелени површини на места каде сè уште повремено стојат дивите препродавачи и заменување на искршените плочки на дотраениот плочник.

Во моментов едната површина е ископана и се подготвуваме да ја зазелениме. Планирано е во текот на викендот да се продолжи на другите зелени површини. Дополнително како Општина направивме и проект за урбанизирање на цел овој појас во делот на зеленилото. Се прави цел проект за разубавување на целиот појас почнувајќи од Зелениот пазар завршувајќи до кулите што се во соседната близина, изјави Герасимовски

Read Previous

Вирусна инфекција ја покоси репрезентацијата на Холандија

Read Next

Апликацијата МојДДВ е приспособена на повисокиот лимит