ноември 23, 2024

Просечната нето платата во јануари 33 943 денари

Просечната месечна нето плата во јануари годинава изнесувала 33 943 денари и во однос на истиот месец лани е зголемена за 13,2 процента, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен на годишно ниво во секторите Транспорт и складирање (23,4  проценти), Градежништво (20,9  проценти) и Информации и комуникации (17,3  проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во однос на декември 2022 година е забележано во секторите: Градежништво (5,1  проценти), Преработувачка индустрија (5 проценти) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (3,5 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јануари 2023 година, изнесува 50 837 денари.

Read Previous

Швајцарија обезбеди 260 милијарди франци за спас на банката Кредит Свис

Read Next

Во Црна Гора поевтинуваат 25 прехранбени производи