– Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја покажале ЕУ, ОН и другите меѓународни организации по земјотресите што ја разорија неговата земја на 6 февруари,
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави дека Туркије никогаш нема да ја заборави солидарноста што ја покажале ЕУ, ОН и другите меѓународни организации по земјотресите што ја разорија неговата земја на 6 февруари, јавува Анадолу.
„Никогаш нема да ја заборавиме солидарноста што во овие тешки денови ја покажаа сите наши пријатели, ЕУ со нејзините институции, земјите членки и кандидати, ОН и другите меѓународни организации“, рече Ердоган.
Ердоган виртуелно се обрати на отворањето на Меѓународната донаторска конференција, организирана од Европската комисија и шведското претседателство со Советот на ЕУ за поддршка на жртвите погодени од разорните земјотреси во Јужна Туркије.
„Оваа конференција е уште еден пример за тоа колку добро се засновани односите меѓу нашите народи“, рече тој.
Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер на 6 февруари погодија 11 турски области – Адана, Адијаман, Дијарбакир, Елазиг, Хатај, Газиантеп, Кахраманмараш, Килис, Малатја, Османије и Шанлиурфа – и однесоа животи на најмалку 50.096 луѓе.
Повеќе од 13,5 милиони луѓе во Туркије се погодени од разорните земјотреси, како и многу други во Северна Сирија.
„Туркије во моментов е домаќин на повеќе од 4 милиони бегалци, вклучително и 3,5 милиони Сиријци“, рече Ердоган.
„Денес, додека ги лекуваме раните од катастрофата на векот во нашата земја, се солидаризираме со сирискиот народ кој беше погоден од земјотресите.“
„Го обезбедуваме неопходното олеснување за трети страни и други земји за пренесување материјали за хуманитарна помош по копно и воздух на жртвите од земјотресот во Сирија. Ќе продолжиме вака и во иднина“, додаде тој.
AA