Стотици закани за поставени бомби од крајот на октомври до почетокот на март, а досега полицијата откри и пријави три такви случаи. Но според истражувањето на КОД, обвинителството сите три случаи уште ги нема завршено, а истрагите наместо за тероризам ги води за друго кривично дело. Еден случај е отфрлен поради недостаток на докази иако МВР во пријавата наведе дека осомничениот сам го признал делото.
Во КОД вечерва и за новите протоколи за постапување во училиштата при терористички закани, како дојавите го сменија образованиот систем и носат огромни трошоци во општеството и зошто државата се уште нема дигитална агенција која треба да се носи со заканите кои доаѓаат од интернет просторот.
Целата сторија на Телма/КОД