ноември 23, 2024

Турскиот министер Коџа: „Како последица на земјотресот во Малатија повредени се 103 лица“

Екипите на теренот работат на потрага и спасување на луѓето затрупани под урнатините.

Најмалку 103 лица се повредени како последица на земјотресот што во попладневните часови ја погоди Малатија, изјави турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Анадолу.

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Јешилјурт во Малатија, Туркије, во 12:04 часот по локално време.

„Во земјотресот од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што ја погоди Малатија, повредени се 103 наши граѓани. Тие се лекуваат во нашите здравствени установи“, рече Коџа.

„Шест од повредените се на операција, тројца се на одделенија за интензивна нега. Посакувам на секој од нив брзо закрепнување“, додаде тој.

Екипите на теренот работат на потрага и спасување на луѓето затрупани под урнатините.

AA

Read Previous

Голфот поскапува за 1.600 евра: Фолксваген ги крева цените и за бензинците и за дизелашите

Read Next

Стејт департмент: Заканата од терористички напади во Северна Македонија е „просечно висока“