На 26.02.2023 година во 01:45 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е А.Д.(31) од Охрид.
Тој, претходно на булеварот „Туристичка“ во Охрид, физички го нападнал Е.М.(20) од Охрид и со остар предмет, кој е пронајден и одземен, му упатил закани а потоа му одзел пари.
Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
КУРИР