Улицата „Војдан Чернодрински“ во Чаир вчера беше преименувано во „Оџа Атаулах Куртиши“ по иницијатива на општината на чело со градоначалникот, Висар Ганиу.
-Трагите на Оџа Атаула Куртиши заслужуваат да останат неизбришливи и наследени од генерација на генерација. Бидејќи овој човек многу придонесе за секој од нас, тој придонесе за нашата национална кауза, спречувајќи ги Албанците од овие земји да ги напуштат своите домови и да заминат во странство за време на југословенското кралство, да шират знаење и да го шират патриотизмот. Оние кои поминуваа низ улицата „Војдан Чернодрински“ отсега ќе минуваат низ улицата „Оџа Атаулах Куртиши“, која се наоѓа многу блиску до негивото семејно огниште , објави Ганиу.