ноември 24, 2024

Во САД во 2023 година од огнено оружје загинале 6.278 луѓе

Во првите два месеца од 2023 година во САД од огнено оружје биле убиени 6.278 луѓе, што е во просек по 116 луѓе дневно, според непрофитната организација „Gun Violence Archive“.

Најголем број на смртни случаи поврзани со оружје се самоубиства – 56 отсто, или 66 дневно. Меѓу убиените од оружје имало 227 тинејџери и 36 деца.

Најголем дел од смртните случаи се во сојузните држави Тексас, Калифорнија, Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Илиноис и Луизијана.

Во билансот се вклучени и смртни случаи во кои полицијата убила 196 лица, додека 52 биле убиени по „ненамерно“ пукање.

Во 2023 година имаше и 84 масовни престрелки – загинаа 126 лица, а 336 беа ранети.

Read Previous

Државнички церемонии во чест на загинатиот претседател Борис Трајковски

Read Next

Научниците објавија колку долго човек може да живее