ноември 21, 2024

Нови дојави за бомби во 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп

На електронските адреси на 16 училишта во Скопје и едно во Прилеп денеска се упатени закани за поставени експлозивни направи.

Преземени се мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки.

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн.

Read Previous

Пендаровски: Храброста на Украинците е потврда дека оружјето на агресорот не е посилно од вербата во слобода

Read Next

Саливан: Русија може веднаш да ја заврши војната со повлекување од Украина