Тетовските полицајци денеска имаа обука од инструктор од Соединетите Американски Држави (САД), кој им прикажа како да постапат при приведување, лишување од слобода, рација, одбрана, самоодбрана и други интервентни постапки.
Обуката се одржуваше во спортската сала на средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово.
-Се одржа обука во рамките на која инструкторот во Единицата за обука и подготовки на полициски службеници при специјални интервентни акции S.W.A.T., Уликс Ѓонај, практично ги обучуваше полициските службеници од СВР Тетово и ОВР Гостивар, Oдделот за обезбедување личности и објекти, Единицата за брзо распоредување и Посебната единица за обука и поддршка за постапување при специјални интервенции и тоа: приведување, лишување од слобода, рација, одбрана, самоодбрана и други интервентни постапки, информираше портпаролот Марјан Јосифоски.
Портпаролот на СВТ Тетово соопшти и дека полициските службеници кои присуствувале на обукатаимаа можност со одбранбени зафати и постапки на практичен начин да ги извежбаат најмодерните и ефективни тактики при постапување во специјални и ризични задачи