ноември 23, 2024

Мицкоски: Не е точно дека инфлацијата на цените на храната е увезена, во еврозоната инфлацијата е двојно помала

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се огласи преку социјалните мрежи каде ја критикува власта дека манипулира со инфлацијата, односно дека таа била увезена. Мицкоски вели:

-Политичките манипуланти, владата на ДУИ поддржана од СДСМ не ја говори вистината кога вели дека инфлацијата и високите цени на основните прехрамбени производи се увезени.

Имено, трошоците за живот во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се зголемени за 17,1%, а цените на храната и безалкохолните пијалоци за истиот период се повисоки за цели 25,1%, според државниот завод за статистика (слика 1).

Само за споредба, според EUROSTAT, во еврозоната инфлацијата во јануари 2023 година споредено со јануари 2022 година се очекува да биде 8,5% (слика 2), двојно помалку од таа во Македонија.

Имаме план, знаеме како да се справиме со предизвикот. Потребни се избори за да може Македонија да тргне напред.

Read Previous

SWAT Инструктор од САД ги обучуваше тетовските полицајци за специјални интервенции

Read Next

Поединци и групи не сакаат добри македонско-бугарски односи и членство на регионот во ЕУ, вели Ковачевски