За предвремените избори во Република Бугарија што треба да се одржат на 2 април годинава ќе може да се гласа и на територијата на РС Македонија.
Како што станува јасно од објавата на бугарската амбасада во РС Македонија, на територијата на РСМ, ќе се гласа во Амбасадата во Скопје и во Генералниот конзулат во Битола.
РС Македонија ја дава согласноста за гласање на овие две места и уште неколку градови во земјата, се вели во објавата на Амбасадата на Р. Бугарија во РС Македонија, пренесува Трибуна.