Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги демантираше обвинувањата за лична вмешаност при одлучувањето за годишните конкурси.
-Годишниот конкурс е настан за кој се подготуваме непречено, оваа година се подготвувавме и со електронската апликација и ги демантирам сите обвинувања дека јас лично сум решавала и дека се решава по партиски клуч. Тоа време одамна е поминато. Сите корисници имаат правен механизам и ако мислат дека се обесправени, со електронската апликација го намаливме времето кога да се одговори по жалба и сите да можат да ги добијат своите пари и да ги реализираат настаните, рече министерката во гостувањето на ТВ Сител.
Според неа, ваквиот начин на финансирање на настаните е неодржлив и неиздржлив.
-Што се однесува до стручноста на комисиите кои одлучуваа Во Министерството за култура одлучуваат стручни комисии од самото министерство и кога ја прифаќаат таа улога потпишуваат изјави за дискретност и судир на интереси. Овие комисии се избираат по нивна претходна инволвираност. Некогаш тоа се и пензионирани културни работници, рече министерката.