ноември 23, 2024

(Фото/Видео) Јахта која е дизајнирана да биде невидлива – луксуз од 3Д печатач

Дизајнерот Џозеф Форакис ја претставил јахтата од 3Д печатач, наречена „Pegasus“.

Станува збор за концепт на пловило со должина од 88 метри, опремена со соларни плочи и практично со неограничен домет.

Форакис и неговиот тим ја планирале напредната технологија за да го постигнат нивото на одржливост и автономија без преседан.

Камелеон на вода

Дизајнерите најавуваат изработка на роботизиран 3Д печатач за да создадат единствена основа за трупот и надоградба на пловилото.

„Резултатот е исклучително јака и лесна структура која може да се произведе со помалку енергија, материјали, отпад, простор и време, во споредба со традиционалната конструкција“, вели Форакис.

Јахтата ја истакнува сребрено металик бојата, па како камелеон се „влева“ во водата, облаците и небото. Во одредени моменти делува невидливо.

Секогаш свежа храна

Ентериерот е луксузен додека во централниот дел доминира „дрвото на животот“ (хидропонска градина) кое обезбедува свежа храна и го прочистува воздухот.

На највисокото ниво сместен е апартманот на сопственикот со голема приватна тераса, пренесува„Interesting Engineering“ .

Дизајнерите мислеле и на забавата, па планиран е и базен со целосни хоризонтални прозорци кои се претвораат во отворени тераси.

Секундарен погон

Ја споменавме соларната енергија, како основен погон, но не треба да го заборавиме ниту секундарниот систем.

Во периодите без сонце, акумулираната енергија се користи за претворање на морската вода во водород којшто се складира во литиум-јонските батерии.

Станува збор за футуристички концепт, а повеќе детали може да дознаете на страницата на дизајнерот Форакис.

извор Супермен

Read Previous

Прилепчанец им извадил пиштол на тројца млади сограѓани, пукал во земја

Read Next

Вештачката интелигенција креира уверливи дезинформации