ноември 23, 2024

Прилепчанец им извадил пиштол на тројца млади сограѓани, пукал во земја

63-годишен прилепчанец, кој извадил пиштол во расправија со тројца млади сограѓани и испукал еден куршум во земја, е уапсен, соопшти полицијата.

„На 14.02.2023 околу 18.45 часот во Прилеп, полицајци го лишиле од слобода Р.М.(63) од градот. Околу 18.10 часот, по претходна расправија со А.М.(28) и Б.М.(38), двајцата од Прилеп, тој од пиштол испукал во земја и му се заканил на Л.П.(27) од Прилеп, кој се обидел да ги раздели. Според пријавеното, А.М. и Л.П. успеале да му го одземат пиштолот „Застава М-70″ калибар 9 мм. Увид бил извршен, а пиштолот бил подигнат за понатамошна постапка“, се вели во полициското соопштение.

Со А.М., Б.М. и Л.П., кои биле задржани во полициска станица, бил извршен службен разговор. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.

Слободен Печат

Read Previous

Жена нападната во Карпош

Read Next

(Фото/Видео) Јахта која е дизајнирана да биде невидлива – луксуз од 3Д печатач