ноември 23, 2024

Ќе сe раскопува и булевар „АСНОМ“ во Ново Лисиче

Град Скопје во моментов го реконструира и коловозот на булевар „АСНОМ“, на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на Куќата на фудбалот во Ново Лисиче, на површина од 9.750 квадратни метри. Воедно ќе бидат изградени и нови рабници и тротоари во должина 1.100 метри. Предвидено е и нивелирање на шахти и сливници. За граѓаните од овој дел на градот, се подигнува ново зеленило, садници и соодветно партерно уредување.

-Со целосна реконструкција на булеварот „АСНОМ“, од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на „Куќата на фудбалот“, се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница е исполнување на уште едно барање на граѓаните и реализација на проектот ветен во програмата „За модерно Скопје“- соопштија од Град Скопје.

Вечер

Read Previous

Големи се шансите наскоро да се случи разорен земјотрес во Србија

Read Next

Зголемен број автобуси на линиите 59, 59А и 59 Б за Задушница