„Постојат големи шанси во наредните години, можеби и оваа година, во Србија да се случи земјотрес од историски максимум, изјави српскиот метеоролог Иван Ристиќ.
Тој за Танјуг изјави дека моментално сме на врвот на активноста на планетата Земја, која ќе трае до 2030 година.
Како што вели Ристиќ, во максимумот на Земјината активност доаѓа многу повеќе енергија од длабочините на земјата, што се рефлектира во климата, а тоа е една од причините поради која ги изгубивме зимите и добивме земјотреси, пренесува Танјуг.
„Најсилниот земјотрес што се случи во Србија беше во близина на Белград, во Лазаревац, на 24 март 1922 година, кога Ташмајдан се преполови. Во многу делови од светот се случија земјотреси кои беа на ниво на историски максимум, како што е овој во Турција.Големи се шансите во наредните години, можеби и оваа година, во Србија да се случи земјотрес од историски максимум“, рече Ристиќ.
Ристиќ наведува дека земјотресот што се случи на границата на Турција и Сирија испуштил огромна енергија што ги придвижува плочите кои доаѓаат од длабочините на Земјата и дека е погоден регион по целата должина од околу 600 километри.
A1onmk