ноември 24, 2024

Приведен затвореник кој денеска избегал од затвор

На подрачјето на Гази Баба денеска во 14.20 часот на ул.„Маџари”, од полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е лишен од слобода Џ.Д.(24) од Скопје.

Како што информираа од МВР, за него била распишана локална потерница по објава од Полициска станица Чаир, каде во 12.00 часот било пријавено дека избегал од Казнено-поправната установа Затвор Скопје.

Лицето е приведено во Полициска станица Гази Баба, а потоа спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.

Read Previous

На протестот на опозицијата во Тирана побарано премиерот Еди Рама веднаш да си замине

Read Next

Закажана седница на Собранието за реконструкција на Владата