– Зејнеп Ела Парлак е спасена од под урнатините на зграда во Хатај
Зејнеп Епа Парлак, девојче кое има само 3,5 години, е спасено од под урнатините 103 часа по разорните земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, јавува Анадолу.
Девојчето Парлак е спасено од под урнатините на зграда во Хатај и префрлено е во болница по укажаната медицинска помош на самото место.
„Најмалку 18.342 лица загинаа, а 74.242 се повредени по двата силни земјотреси кои во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије, а кои се окарактеризирани како катастрофа на столетието“, потврди турската Агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).
Два разорни земјотреси со интензитет од 7,7 и 7,6 степени по Рихтер, во понеделникот ги потресоа јужните делови на Туркије со епицентар во Кахраманмараш, а бројни спасувачки екипи и понатаму посветено работат на акциите за претрага и спасување на луѓето заробени под урнатините на зградите.
АФАД објави дека во моментов на терен работат повеќе од 120.000 спасувачи и трагачи.