Контингентот на Косовските безбедносни сили (КБС) во Република Туркије од вчераутро дејствува во областа Хатај како поддршка на турските власти во потрагата и спасувањето на луѓето од под урнатините по разорниот земјотрес во понеделникот
Тимовите за пребарување и спасување на Косовските безбедносни сили кои работат со полн капацитет во Хатај, Туркије, синоќа успеаја да извлечат двегодишно дете од урнатините, пренесува Анадолу.
Како што соопштија од Косовските безбедносни сили, по извлекувањето на детето се прават максимални напори да се спаси и неговата мајка која е заробена во урнатините.
„Нашите тимови за време на акцијата која ја спроведуваат наидоа на жртви во урнатите згради, но приоритет имаат оние места на коишто се откриени живи лица, а сите спасувачки тимови од цел свет приоритет дадоа да спасат што е можно повеќе животи“, се наведува во соопштението.
Контингентот на Косовските безбедносни сили (КБС) во Република Туркије од вчераутро дејствува во областа Хатај како поддршка на турските власти во потрагата и спасувањето на луѓето од под урнатините по разорниот земјотрес во понеделникот.
Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај, претходно најави дека специјалисти за урбано пребарување и спасување на КБС, како и тимови за итна медицинска помош и единицата со кучиња трагачи, учествуваат во операцијата на потрага и спасување во координација со турските власти и спасувачките тимови од другите земји на светот.
Мехај нагласи дека косовските единици дејствуваат во регионот на Хатај.