Од Министерството за внатрешни работи потсетуваат дека заклучно со 12 февруари 2024 година, сите сопственици на возила што сè уште имаат регистарски таблички со МК-ознака мора да извршат промена и да си набават таблички со ознаката НМК.
Промената на ознаките на регистарските таблички од МК во НМК e обврска од Преспанскиот договор, што земјава го потпиша со Грција во јуни 2018 година.