ноември 22, 2024

Адвокатот на Бајден: ФБИ не најде доверливи документи во куќата на претседателот

Членови на американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска ја пребараа викендицата на претседателот Џозеф Бајден во Рихобот Бич, Делавер, но не најдоа доверливи документи, изјави личниот адвокат на претседателот.

Агентите на ФБИ прегледале некои рачно напишани белешки и други материјали од периодот кога Бајден беше потпретседател во администрацијата на Обама, пренесува АП.

Денешното претресување на приватниот кварт на Бајден, трето по ред, покажува дека истрагата која тивко се води со недели, продолжува наместо да биде запрена, на што Бајден очигледно се надеваше.

Read Previous

Курти – Не е можно формирање моноетничка заедница на Косово

Read Next

Снег ја прекри турската метропола Истанбул