ноември 22, 2024

Итно да се реагира за недостигот на судии и јавни обвинители за да се спречи застарување на предметите

Апелационото подрачје на Штип кубури со кадар, кој си заминува по основ на пензионирање, а никој не го заменува.

За да се спречи застарување на предметите потребно е итно да се реагира во однос на недостигот на вработени судии и обвинители и бројот на предмети на кои работат истите, порача од Штип, министерот за правда, Никола Тупанчески.

Во Апелациониот суд Штип денес се одржа стручна расправа, која е прва во серијата расправи за новиот Кривичен законик на ниво на апелациони подрачја, односно по речиси три децении се добива нов законски текст, кој е усогласен со европското законодавство и со кој треба да се подобри правната сигурност на граѓаните.

Со новиот Кривичен законик всушност се врши редефинирање на пропишаните казни за одредени кривични дела и кој во целост ќе овозможи ревидирање на казнената политика. Новини има и во законските одредби за тортура, малтертирање во вршење на службата, перење на пари, а се воведува и ново кривично дело т.н. екоцид, кое е значајно за актуелните кривични дела за загадување на животната средина.

Инаку, во текот на месецот, стручни расправи за новиот Кривичен законик ќе се одржат и во апелационите судови во Гостивар, Битола и Скопје.

извор:24

Read Previous

Судот во Стразбур на 16 февруари ќе одлучува за аболицијата на Ѓорѓе Иванов

Read Next

Ковачевски за цената на струјата: Како и досега, нема да дозволиме ценовен шок за граѓаните