Одлуката на Судот за човекови права во Стразбур за одлуката за повлекувањето на аболицијата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов за поранешни функционери и други лица кои ги гонеше Специјално јавно обвинителство (СЈО) ќе биде соопштена на 16 февруари.
Со аболицијата на претседателот Иванов од април 2016 беа опфатени 54 лица од предметите на СЈО. По бурните реакции во јавноста и направените измени во Законот за помилување, тој ја повлече аболицијата.
Аболицираните, меѓу кои се и Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Кирил Божиновски… се пожалија дека еднаш дадена аболиција не може да се повлече и дека станува збор за стекнато право. За тоа постојат и соодветни пресуди на ЕСЧП, за слични ситуации во други земји.
Ако ЕСЧП одлучи позитивно по жалбите, тоа ќе значи дека повеќе случаи на СЈО ќе се затворат, како на пример „Таргет-тврдина“, „Титаник“, „Транспортер“, „Космос“, „ТНТ“… Со жалбите не се опфатени сите обвинети лица, туку само дел.