• мај 19, 2024

Ливерпул и Манчестер Сити во трка за францускиот напаѓач на Монпелје

Англиските премиерлигаши Ливерпул и Манчестер Сити се заинтересирани за напаѓачот на француски Монпелје, Ели Вахи.

Вахи има договор со Монпелје до 2025 година и најверојатно нема да го напушти клубот до крајот на зимскиот преоден рок. Францускиот клуб ја проценува својата ѕвезда на 26 милиони фунти.

Вахи минатата сезона имаше десет гола на 33 настапи за Монпелје, а англиските гиганти почнаа преговори за да го привлечат по завршувањето на сезоната.

Read Previous

Украинската влада им забрани на функционерите да одат на одмор во странство за време на руската инвазија

Read Next

Ако нема разговор со Ковачевски и Арсовска, приватните превозници најавуваат нови блокади