ноември 24, 2024

Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана

Над 40 отсто од територијата на Украина е минирана како резултат на воените дејствија, објави денеска британската телевизија „Скај њуз“, повикувајќи се на невладината Советодавна група за рудници (Mines Advisory Group).

Според невладината организација, Украина е земја со најмногу мини во светот.

„Зафатеноста (со мини) е огромна. Не може да се спореди со Сирија или Авганистан“, рече Катерина Темплтон, претставник на организацијата.

Како што е наведено, во периодот од 24 февруари минатата година до 10 јануари годинава од во Украина од мини настрадале најмалку 611 лица.

За деминирање на украинските територии се проценува дека ќе бидат потребни повеќе години.

Read Previous

Кафето има голема моќ ако се консумира на овој начин

Read Next

Најмалку 51 загинати во две несреќи во Пакистан