Француска екипа влегува во трка за потписот на Енис Барди

Енис Барди до крајот на преодниот рок ќе го напушти Трабзонспор, прашање е само каде ќе ја продолжи кариерата. Челниците на актуелниот турски шампион решија да го намалат буџетот, поради што неколку играчи ќе го напуптат тимот, еден од нив е Барди.

Пред неколку дена медиумите пишуваа дека Мајорка покажува интерес за Барди, а денес турските медиуми објавија дека во трка за неговиот потпис ќе влезе и Ница.

Ница има големи амбиции во зимскиот преоден рок, наводно клубот го договорил трансерот на напаѓачот на Севилја, Јусеф Ен Несири за 20 милиони евра./Makfax/

Read Previous

Можно прелевање на реката Вардар кај Чегране

Read Next

Спасовски на прашањето дали Џамбаски ќе биде вратен од граница: Тоа ќе го одлучиме на 4-ти февруари!