ноември 22, 2024

Можно прелевање на реката Вардар кај Чегране

Регионалниот Центар за управување со кризи Гостивар известува, по пријавата од село Чегране, дека е можно излевање на реката Вардар во близина на бензиската пумпа во селото.

Согласно пријавата, се информирани субјектите за управување со кризи на локалната самоуправа, а и дежурните на ТППЕ Гостивар, ДЗС Гостивар и ЕСМ подружница ХЕЦ Маврово.

„Инаку, водостојот е зголемен заради зголемувањето на водостој на приклучните реки поради обилните врнежи од дожд и снег, согласно најавата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) од 19 јануари.
Предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците. Конкретно, УХМР пред 5 дена најави зголемени врнежи, топење на снег и дека се очекува дека хидолошката состојба да доведе до можни локани поплавувања. Во повеќе делови од земјата, како резултат на врнежите во изминатиот период и топењето на снегот, дека земјата е заситена со влага и се очекува брза реакција на помалите реки и суводилици низ земјава каде што на места се можни локални излевања. И, дека кај поголемите реки се очекува зголемување на водостојот а пред се на водотеците во западниот дел на земјата каде во сливот на р.Радика, р.Сатеска, р.Треска и горниот дел од сливот на р.Вардар се очекуваат значително високи водостои. Исто така, заради можноста од појава на поројни, интензивни врнежи, придружувани со засилен јужен ветер, можни се локални проблеми кај дел од градските урбани населени места каде што би се појавиле ваков тип на врнежи. Затоа предупредуваме на претпазливо движење покрај реките и суводолиците“, велат од Центарот за управување со кризи.

Read Previous

Пензионерите ќе добијат пензии од 30 јануари

Read Next

Француска екипа влегува во трка за потписот на Енис Барди