ноември 23, 2024

Струга и Охрид без келнери, готвачи, сите „бегаат“ во Хрватска каде платата била далеку подобра

Изгледа и ова лето угостителите во Струга и Охрид ќе се соочат со недостиг од професионален кадар поради ниските плати и други дополнителни придобивки, пренесува ТВ21.

Како најомилена дестинација за летната сезона, готвачите и келнерите го избираат хрватското крајбрежје, каде платата е повисока но имаат и други придобивки.

Евељдина Дика, директорка на регионалната единица на Агенцијата за вработување во Струга, вели дека на градот му недостигаат квалификувани работници во угостителскиот сектор како и медицински кадар.

„Немаме готвачи, немаме квалификувани келнери, немаме асистенти во кујна. Од друга страна немаме ниту фармацевти, техничари, лаборанти, немаме медицински сестри, немаме ниту лекари. Колку што гледам по медиумите нема лекари. Слободно можам да потврдам дека немаме ниту лекари, или се на специјализација или се надвор од државата“, вели Евељдина Дика.

Целата сторија на ТВ21.

Read Previous

Бектеши: Сите енергетски капацитети во земјава работат со полн капацитет

Read Next

Средба меѓу Груби и Гир за процесот на интеграциите на земјава во ЕУ