ноември 21, 2024

Протест во Софија за заштита на правата на Бугарите во Северна Македонија

Пред претставништвото на Европската комисија во Софија се одржува протест за одбрана на правата на Бугарите во Северна Македонија каде се најбројни симпатизери и претставници на политичката партија ВМРО-БНД. Протестот е и за поддршка за натепаниот секретар на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, јавија бугарските медиуми.

Протестот го најави бугарскиот претставник во Европскиот парламент и копретседател на ВМРО, Ангел Џамбаски. Во писмо до претседателската на ЕК, тој побара итен прекин на преговорите на нашата држава за членство во ЕУ.

Тројца охриѓани пред два дена во угостителски објект во Охрид го нападнаа 21-годишниот охриѓанец Христијан Пендиков по што тој се здоби со повреди и вчера бугарската Амбасада во Скопје организираше негово префрлање во боница во Софија.

Министрите за надворешни работи на Бугарија и на Северна Македонија, Николај Милков и Бујар Османи ќе го посетат утре Пендиков, кој е хоспитализаран во ВМА во Софија, соопшти бугарското МНР.

Read Previous

Битиќи: Новите генерации ќе го најдат својот пат да живеат еден до друг и заедно ќе ја креираат својата иднина

Read Next

Охриѓанецот кој го претепа Пендиков 30 дена во притвор!?