ноември 22, 2024

Пендаровски од Давос: Сакаме воjната во Украина да заврши уште денеска

Претседателот Стево Пендаровски на панел сесија „Во одбрана на Европа“, што се одржува во рамките на Светскиот економски форум во Давос, рече дека е загрижен за тоа до кога ќе се задржи и кога ќе заврши војната во Украина. Пендаровски е дециден дека тоа е клучно за демократијата да надвладее над автократијата.

„Сакаме војната да заврши уште денеска, но логиката на државите и на националните интереси, како што е веќе со векови, е првенствено да се грижите за сопствениот двор. Ако повторно им дадеме приоритет на националните интереси на државите, тоа значи дека ова единство и солидарност ќе исчезнат“, посочи Пендаровски.

Read Previous

Мицкоски на средбата со унгарскиот амбасадор Клајн: Уставните измени под ваков бугарски диктат нема да се случат

Read Next

Голем пожар во близина на кочанското село Горни Подлог