септември 23, 2024

Голем пожар во близина на кочанското село Горни Подлог

ТППЕ Кочани, известува дека повторно има интервенција на запалено стрниште во близина на селото Горни Подлог, јавува Центар.

Силниот ветер го отежнува гасењето на пожарот. Моментално на терен се повеќе пожарникари со ПП возила, но итноста на настанот и зафатеноста на пожарникарите повторно не дозволуваат да располагаме со подетални податоци. Интервенцијата е започната во 18, 00 часот. Покрај овој пожар низ Кочанско Поле горат стрништа и сува трева и на други локации (запалени како припреми за сеидба на обработливите површини), но моментално противпожарната единица интервенира на пожарот кај селото Горни Подлог кој истиот го смета како поголема закана во однос на другите, јавуваат од пожарната во Кочани.

Read Previous

Пендаровски од Давос: Сакаме воjната во Украина да заврши уште денеска

Read Next

Во понеделник нова пресуда за „Титаник 2“