ноември 22, 2024

Мицкоски на средбата со унгарскиот амбасадор Клајн: Уставните измени под ваков бугарски диктат нема да се случат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски се сретна со амбасадорот на Унгарија, Н.Е. Андраш Клајн.

На средбата беше посочено од страна на Мицкоски дека блокадата со која се соочува државата на патот кон ЕУ интеграциите поради потребата за уставни измени преставува доказ за погрешните чекори и слепата улица во која е доведена Македонија како последица на капитулантската надворешна политика, но и чекорите без стратегија со која владата ја доведе земјата во незавидна состојба.

Уставни измени од оваа власт, под ваков бугарски диктат нема да се случат, а сите спротивни изјави од првенците на власта се само евтин политички маркетинг и де фокус од нивната неспособност, власта нема мнозинство гласови да работи спротивно од волјата на народот, посочи Мицкоски на средбата со Клајн.

На Македонија и е потребна интеграција во ЕУ базирана на извесна иднина без дополнителни условувања и уцени, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ кој ја истакна и загриженоста за тешката економска состојба, енергетската криза и растечката инфлација.

Read Previous

Бочварски: Минатата година достигнавме најголемо ниво на капитални инвестиции во висина од 465 милиони евра

Read Next

Пендаровски од Давос: Сакаме воjната во Украина да заврши уште денеска