ноември 22, 2024

Познато името на новиот минстер за одбрана на Германија

Борис Писториус, социјалдемократски министер за внатрешни работи на покраината Долна Саксонија, ќе биде нов министер за одбрана на Германија, соопшти денеска германската влада. Претходно, германскиот министер за економија Роберт Хабек изјави дека првата точка на дневниот ред на идниот министер за одбрана на Германија ќе биде дали да ѝ испорача тенкови на Украина.

Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка во понеделникот, бидејќи нејзината влада беше под зголемен притисок да им дозволи на сојузниците да испратат тешки тенкови на Украина, на почетокот на, најверојатно, клучната недела за плановите на Западот за дополнително вооружување на Киев. Германскиот канцелар, Олаф Шолц, вчера изјави дека ќе дејствува брзо за да ја замени Ламбрехт.

Read Previous

Суперкомпјутер: Арсенал ќе триумфира пред екипите од Манчестер

Read Next

Истекува рокот на вториот Јавен повик на Град Скопје за приватен превоз, никој не се пријавил