ноември 22, 2024

Суперкомпјутер: Арсенал ќе триумфира пред екипите од Манчестер

Суперкомпјутер пресметал кој ќе биде новиот шампион на Англија. Според него, титулата во Премиерлигата ќе се врати во Северен Лондон, а Арсенал ќе триумфира со вкупно 87 бода. Манчестер Сити ќе остане на второто место, а добрите настапи на градскиот ривал Манчестер Јунајтед ќе бидат доволни само за трето место, пишуваат медиумите на Островот.

Суперкомпјутерот ги симулирал натпреварите 100.000 пати за да го направи неговото предвидување што е можно попрецизно. Главниот фактор со кој ќе се пресметува е таканаречениот „xG“. Овој фактор ги претставува можните голови што еден тим може да ги постигне.

Суперкомпјутерот прогнозира дека Њукасл и Брајтон ќе влезат во топ 6. Ливерпул останува на седмото место со 62 освоени бода, а Челси е уште подалеку – на деветтата позиција со 53 бода. Според истражувањето, Борнмут ќе испадне од лигата, заедно со Евертон и со Вулверхемптон.

Read Previous

Како да гледате туѓа приказна на Инстаграм без таа личност да го види вашето име?

Read Next

Познато името на новиот минстер за одбрана на Германија