ноември 24, 2024

Мицкоски: Тие не можат еден затвореник да го пренесат од точка А до точка Б во Скопје, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ

„Ние сме кажале дека граѓаните во Македонија не се безбедни од многу причини, не само поради ова филмско бегство на затвореник. И тоа доаѓа истиот ден кога Ковачевски и Владата на ДУИ поддржана од СДСМ не убедува ќе ја однесла Македонија во ЕУ“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Христијан Мицкоски од Вевчани коментирајќи го филмското бегство на затвореник и тоа колку граѓаните на Македонија се безбедни.

Мицкоски додаде дека власта не може да пренесе затвореник до одредена точка, а не пак Македонија да ја внесат во ЕУ, потребни се предвремени парламентарни избори.

„Тие не можат еден затвореник да го пренесат од точка А до точка Б во Скопје, а не пак Македонија да ја носат во ЕУ. Така што еден општ хаос на Дивиот Запад ни се случуваат работи“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Read Previous

МВР со потерница ќе го бара Беким Мемети, кој избега од затворот Идризово и рани полицаец

Read Next

Русија тврди дека го контролира Соледар