МВР со централна потерница ќе го бара избеганиот осуденик кој синоќа додека бил превезуван во клинички центар, го одзел пиштолот на возачот и пукал во него, при што со Ауди избегал од местото на настанот.
МВР даде соопштение во кое до детали го објасни бегството на осуденикот, кој е осуден на затвор поради убиство во Мала Речица.
Неколку медиуми објавија дека станува збор за лицето Беким Мемети од Тетово.
Настанот се случил во близина на бензинската пумпа „Лукоил“ на автопатот кон Скопје.