ноември 24, 2024

Скопјанка приведена за лажна дојава за поставени експлозивни направи во училишта Скопје

Полициски службеници денеска ја привеле А.К.(55) од Скопје, осомничена дека на 11.01.2023 од мобилен телефон се јавила телефонски во Управата за финансиско разузнавање во Скопје и лажно пријавила дека се поставени експлозивни направи во училишта.

– Веднаш по добиената пријава преземени се соодветни мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна, а А.К. (лице со здравствени проблеми) е пронајдена и приведена, соопштија од МВР.

Известен е Јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Read Previous

Петров: Се опструираат уставни измени кои со ништо не ги допираат чувствата на Македонците како народ

Read Next

Албанија на прагот на епидемија на грип, се зголемува бројот на заразени, болниците се полни