ноември 24, 2024

Петров: Се опструираат уставни измени кои со ништо не ги допираат чувствата на Македонците како народ

Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Петров во гостувањето во ТВ24 истакна дека Владата го исполнува она што било ветување на предизборната коалиција.

-Главната работа што ја вети оваа коалиција е дека државата ќе стане членка на НАТО и стана членка на НАТО. Ветено беше и дека ќе почнат преговори и ги почнавме преговорите за членство. Државата го почна скринингот што е еднаков и ист за сите земји. Не треба од се да печалиме политички поени. Заедно со Албанија почна процесот и скринингот трае од 12 до 15 месеци. Во тој период се скенира целиот систем, а кога тоа ќе заврши почнуваат поглавјата. Дотогаш, покрај десетте националности треба да вклучиме и други националности, меѓу кои Бугарите, Хрватите и Црногорците.

Ова прашање беше издигнато на едно многу високо ниво, а
воопшто немаше потреба, рече Петров.

Според него во моментов се случува опструкција на нешто кое со ништо не го допира чувството на Македонците како народ и Македонија како држава.

Прашан дали е можна широка коалиција во која ќе влезат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Петров одговори дека коалициите мораат да имаат некаква принципиелна основа.

-За да имате коалиција треба да сте договорени за клучните работи. Како ќе направите коалиција кога за СДСМ е приоритет уставни измени и патот кон ЕУ, а од другата страна имаме изјави на лидерот на опозицијата дека тоа било национално предавство и тоа нема да се случи. Тоа се дијаметрално спротивни правци и на непринципиелна основа не може да има коалиција, нагласи Петров.

Read Previous

Виктор Димовски наместо на Шанзелизе, останува во Скопје

Read Next

Скопјанка приведена за лажна дојава за поставени експлозивни направи во училишта Скопје