Претседателот Стево Пендаровски, на новинарско прашање коментираше за средбата во Тирана, каде на покана на албанскиот премие Еди Рама, беа присутни Али Ахмети, Арбен Таравари, Африм Гаши, Мендух Тачи, а Биљал Касами иако поканет не отиде.
„Децении наназад тогашната Социјалистичка Република Албанија беше безбедносна закана за нас. Одамна помина времето кога треба да гледаме на политичките процеси или настани или средби кои се случуваат во Тирана како безбедносна закана за нас. Да не заборавиме, Република Албанија е членка на НАТО и заедно со нас почна преговори во ЕУ. Албанија е наш пријател и воопшто немам никаков сомнеж во некакви задни намери на албанскиот премиер Еди Рама. Го знам прилично добро, го знаете и вие. Не мислам дека таму се креираат некакви антимакедонски сценарија, изјави претседателот Пендаровски.
Инаку, како што беше изјавено по средбата, се разговарало за економската соработка, евроинтегативниот пат на двете земји, но и Уставните измени кои треба да се случат во нашата држава со цел и официјално да почнат преговорите со ЕУ.