Вчера околу 15.35 часот во велешката полиција е пријавено дека на улицата „Наум Наумовски“ возило „фолксваген пасат“ управувано од М.Е (32) од Велес, удрило во пешак К.Д.(50) од Велес.
Во несреќата К.Д. се здобил со тешки повреди, констатирани во Општата болница во Велес.
По овластување на Јавен обвинител, увид на место извршила увидна екипа од СВР Велес.