Рокот за јавниот повик на Град Скопје за приватни автобуски превозници на линиите со број 20 и 22 истекува денеска во 12 часот. Од Град Скопје за МИА велат дека резултатите ќе бидат соопштени откако ќе истече рокот, како и по неколку дополнителни денови поради чекање на евентуални пријави по пошта.
Повикот беше објавен пред еден месец и на него, како што информираше Град Скопје, немаат можност да конкурираат превозниците од „Слобода Превоз“ и „Макекспрес“, поради прекршување на одредбите од претходниот договор од нивна страна. Неможноста за јавување на нов конкурс трае една година од денот на раскинување на претходниот договор.