ноември 23, 2024

Скопје шести најзагаден град во светот

Сонце се пробива, но смог има, Скопје и ова претпладне е град со многу загаден воздух. На листата главни и поголеми градови во светот, Скопје нешто пред 11 часот денеска се најде на шестото место во светот според индексот на квалитетот на воздухот, (од 175) односно според загаденоста.

Сите градови во чие „друштво“ се најде Скопје, барем првите 10 – 15, се повеќемилионски градови.

Тоа што особено загрижува, а како што може да се види од илустрацијата во продолжение, е високото ниво на ПМ2,5 честичките во Скопје кои се особено опасни по здравјето и се канцерогени. Најзагаден е воздухот во Лисиче, Гази Баба, Аеродром и во дел од Ѓорче Петров.

Од истиот сајт може да се види дека уште полоша е состојбата во Битола каде мерната станица Битола 2 покажува 207 индекс на квалитет на воздухот, додека во Кочани ситуацијата е исто така алармантна со индекс од 182.

Read Previous

Детали за излетаниот воз кај Кадина Река: Во моментот имало 150 патници, сообраќајот на пругата во прекин

Read Next

Фатмир Лимани: Беса не оди во Тирана за да ја спасува Владата