ноември 23, 2024

УНХЦР: Војната во Украина предизвика најголем бран бегалци од Втората светска војна

Агенцијата за бегалци на Обединети нации (УНХЦР) соопшти дека руската инвазија врз Украина предизвикала најголем бран бегалци од Втората светска војна.

– Повеќе од 7,9 милиони луѓе ја напуштиле земјата досега, а уште 5,9 милиони се раселени во Украина, изјави претставникот на УНХЦР во Германија, Катарина Лумп.

Таа додаде дека поради руската инвазија има 14 милиони бегалци, што е повеќе од една третина од вкупното население на Украина, која има 41 милион жители.

Read Previous

Кој ќе не лекува, во последните 5 години, 939 лекари и медицински лица заминале од земјава?!

Read Next

По 11 дена одмор, пратениците се враќаат на работа