ноември 23, 2024

Најмногу заболени од грип има во Битола и Гостивар

Во текот на 52-ра недела од 2022 година (26.12.2022-01.01.2023), во Mакедонија се пријавени 347 случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, 96,0% повеќе во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 52-ра недела од минатата сезона е намален за 38,6%, а во споредба со бројот за 52-ра недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 12 сезони) , зголемен е за 43,9%.

Во текот на 52-ра извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, пристигнаа 257 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19.

Притоа, детектирани се 30 (11,7%) позитивни случаи, од кои 28 се Influenza A/H3 и регистриран е по еден случај А/Н1 и А несубтипизиран.

Oд примероците, 4 се тестирани за респираторен синцицијален вирус, и сите се негативни.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип,односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 184 лица се на возраст од 15-64 години, 96 кај деца на возраст од 5-14 години, 38 кај деца на возраст од 5-14 години и 29 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години.

Највисока инциденца се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.

Заболените се пријавени од единаесет ЦЈЗ/ПЕ, во Гостивар – 57, Битола – 51, Прилеп – 39, Дебар – 37, Куманово – 35, Кавадарци – 29, Скопје – 24, а во Крушево, Тетово, Струмица, Македонски Брод, Штип, Охрид, Кочани, Пробиштип, Кичево и Неготино бројот на пријавени е помал од 20.

Во 10 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, а во 5 – сезонска и во 2 – средна активност на вирусот на грип.

Read Previous

Економијата блеска само кога си на власт

Read Next

Дали ист центар стои зад двата напади во Собранието на РС Македонија и во Конгресот на САД