Познатите бугарски актери Љубомир Нејков, Станимир Г’мов и Петјо Петков-Шаjбата ќе ги забавуваат битолчани, штипјани и струмичани во почетокот на месецот февруари, јавува Трибуна.
Една од најпопуларните бугарски театарски комедии „Вражалец“ на театарската формација „Мелпомена“ во првите денови од февруари ќе ги насмее жителите на три града во Република Северна Македонија. Претставите ќе се одржат со поддршка на Министерството за надворешни работи на Република Бугарија и Фондацијата „Бугарска памет“ во лицето на д-р Милен Врабевски. Влезот за претставите ќе биде бесплатен до пополнување на слободните места во салите.
Ѕвездената актерска екипа, предводена од еден од најпознатите бугарски актери Љубомир Нејков, Станимир Г’мов, Петјо Петков-Шаjбата, Албена Павлова и Невена Бозукова, ќе ја претстават комедијата „Непријател“ на Ст. Л. Костов на:
01.02, Битола Народен театар „Битола“
02.02, Штип, Народен театар „Ацо Шопов“
03.02, Струмица, Народен театар „Антон Панов“.
Иницијативата е составен дел на еден од главните приоритети на Фондацијата „Бугарска памет“, а имено зближување на луѓето од Бугарија и Северна Македонија и подобрување на односите меѓу двете земји.
„Благодариме на Министерството за надворешни работи што ја препозна оваа идеја. Се надеваме дека ова партнерство ќе зајакне со текот на времето и дека посетите на бугарски театри во Северна Македонија ќе станат традиција. Сакаме да им дадеме причини за радост и насмевка на нашите пријатели од другата страна на границата и сметаме дека ова е уште еден мал гест што можеме да го направиме во насока на добрососедство меѓу земјите и зближувањето на луѓето од двете земји“, велат од тимот на Фондацијата и додаваат дека настаните ќе бидат дел од нивната кампања „Од двете страни на границата“, која започна на крајот на 2022 година.